1 коментар 2 мин. читање 9 февруари, 2017

PDF алатката Foxit стана уште подобра

Со осмата верзија, Foxit уште еднаш го цементира патот како една од најчесто користените бесплатни алатки при работа со pdf документи. Програмата е одлично решение за прегледување, менување или создавање PDF фајлови, со што се поставува како одлична алтернатива на надалеку познатиот Adobe Reader.

Од 8.1-та верзија можете да отворате фајлови кои се складирани во Box сервисот, а се додаде и интеграција со Foxit Archive – безбедно и клауд базирано решение за управување со документи. Верзијата 8.2 оди неколку чекори напред и, меѓу другото, ви дозволува да отворите и прегледувате документи уште пред целосното преземање на истите. Надградените клауд потенцијали овозможуваат непречено читање низ различни платформи и направи, а добредојдена е и опцијата за конвентирање .xps фајлови во .pdf, како и можноста да објавувате мислења и идеи за одредени PDF документи за да ги споделувате и дискутирате истите со други луѓе. Згора на сево ова, можете да прегледувате фајлови од други формати преку популарните сервиси за складирање, како Google Drive, OneDrive, Box и Dropbox, и директно преку читачот да ги конвертирате во PDF.
Покрај верзија за Windows, Foxit се испорачува и за Mac OS X, Linux iOS и Android.

Останати, подеднакво-солидни, Adobe Reader алтернативи:

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top