Android Wear 2.0, со новиот оперативен систем е поблиску до Apple Watch и Tizen

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести, Хардвер

Google преку соработката со LG ја презентираше новата верзија на Android Wear 2.0. LG ги претстави LG Watch Sport и LG Watch Style, први два часовници кои доаѓаат со новиот оперативен систем.

Првата верзија на Wear никогаш не успеа да го реализира својот потенцијал. Поради ова често беше причина за лош впечаток и за хардверот кој можеби и не беше толку лош. Сепак кога е во прашање Android Wear 2.0 се чини дека најголем дел од проблемите се надминати. Новиот оперативен систем доаѓа со нови функционалности, поедноставен дизајн и може да работи независно, без присуство на телефон. Можеби најинтересна новост е што новите часовници можат да се впарат и со iPhone.

 „Android Wear 2.0 е дизајниран токму да ги подобри едноставните работи. Овозможува подобро следење на фитнес податоци, автоматско детектирање на физичка активност (вежбање), пеодноставен пристап до нотификации, и променлив изглед на екранот.“, пишува Verge.

Image: LG

Новите часовници на LG засега се единственото место на кое може да се види оперативниот систем на дело. Sport верзијата е поголем часовник што овозможува на неа да се постават повеќе сензори, но и поголема батерија. Еве дел од хардверот и спецификациите на LG Watch Sport:

  • 1.38-инчен P-OLED, 480 x 480 екран
  • 316L нерѓосувачки челик
  • Gorilla Glass 3
  • 1.1GHz Qualcomm Snapdragon Wear 2100 процесор
  • 768MB RAM
  • 4GB флеш диск
  • 430mAh батерија
  • Wi-Fi, Bluetooth, GPS
  • NFC (for Android Pay)
  • IP68 отпорен на прашина и вода

Најголем недостаток на часовникот е големината, а од LG не успеале да креираат удобен часовник. LG Sport е заштитен со големина од 46 mm, а екранот е заштитен со Gorilla Glass 3. Доаѓа со 3 копчиња, две се програмабилни, а третото како и на часовникот од Apple е вртливо копче. Токму ова копче е еден од најдобрите новитети, овозможува брз преглед и пронаоѓање на апликациите.

LG Style е далеку помал часовник со: 1.2-инчен екран; 512MB RAM; помала батерија (240 mAh), но поголем проблем е што недостасуваат сензорите. Така часовникот нема GPS, ниту NFC сензор. Со тоа Style значително се разликува од Sport, по изгледот, но и по корисноста. Sport e наменет за фитнес корисници; овозможува вежбање без корисникот да го носи телефонот, пример проверка на мапа со GPS; плаќање со NFC, добивање на нотификации.

Image: LG

Двата уреди благодарение на наградбата на оперативниот систем, со помош на Google Now, можат да се користат и за управување со паметниот дом.

Android Wear 2.0 конечно го донесе асистентот на Google на часовниците. Само кажете: OK Google или задржете го копчето за вклучување и прашајте: „Како поминаа Warriors против Cavaliers?“ или „Колку лажици има во една шолја?“ или „Дали ќе врне денес?“. Може и лесно да се интегрира со уреди од трети производители како Nest термостат или Phillips Hue светилки или сервиси како Uber или OpenTable. – вели Engadget.

Подолго време Android Wear не е најголем проблем на уредот. Оперативниот систем не е совршен и има уште некои работи кои треба да се поправат, но на новите часовници најголем недостаток им е хардверот. Проблемите со Wear се неконзистентноста на командите на сите екрани, но освен ова сите прегледи се преполни со пофални зборови за Wear 2.0. Дополнително, апликациите би можеле да се вчитуваат побрзо, а и Android Pay може да биде побрз, пишува Verge.

Часовниците од куп производители сега ќе можат да доаѓаат со многу поголема функционалност. Нотификациите се групирани на едно место како и на телефоните, корисникот може да одговори со паметни одговори преку избор од апликацијата. Ако дефинираните одговори не се довoлни, корисникот може самиот да диктира нови, или да ги запише истите на тастатурата, која е прецизна и одлично предвидува зборови, иако екранот е малечок. Новитет е и плаќањето со Android Pay. Корисниците со помош на NFC можат да купуваат работи. По вчитувањето на Android Pay со притисок на едно копче се авторизира исплатата. За користење на Android Pay е потребнен NFC сензор, поради ова Android Pay работи на Sport верзијата, но не работи на Style верзијата на часовникот.

LG Watch Sport и LG Watch Style започнуваат со официјална продажба на 10 февруари. Цената е 250 долари за Style и 350 долари за Sport.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk