Ниту Вегас не е безбеден – руска група пронајде начин да мами на слот машини

во Свет

Обезбедувањето на казината е едно од најдобрите. Вообичаено казината имаат најнова заштита од технологија и апарати и софтициран видео надзор. Сепак, секој нов хак може да ги натера на панична реакција.

Во 2011 казина во Европа забележија дека банкоматите на Novomatic исплаќаат несразмерно. Сепак, по инспекцијата на апаратите софтверот беше сосем во ред, а апаратите функционираа нормално. Слично однесување на слот апарати е забележано насекаде од Сингапур до САД.

Прва најава во САД за можни проблеми со апаратите се забележеани во Lumiere Place Casino во Сент Луис. На 2 јуни 2014 казиното започна да губи пари на автоматите. За секој вложен долар губеа пари. Вообичаено за секој долар автоматите исплаќаат околу 7 центи. Обезбедувањето од казиното прегледувајќи ги снимките единствено забележа црнокос триесетгодишник кој едноставно изгледаше дека има многу среќа.

Човекот губеше најчесто помеѓу 20 и 60 долари, до максимални 1.300 долари. а добиваше и до 21.000 американски долари. Единствено сомнително беше што долго го држеше прстот на копчето, а потоа итно притискаше.

На 9 јуни Missouri Gaming Commission објави тревога откако, откако открија дека повеќе казина се „испразнети“ на сличен начин, јави Wired.

Русинот Мурат Блиев користејќи паметен телефон ги анализираше Aristocrat Mark VI апаратите. Проблемот е во рандом генераторите, кои не се потполно случајни. Генераторите се креирани од луѓе и поради тоа не се вистиниски непредвидливи.

Играчите ги снимаат апаратите со своите телефони. Секоја шема, секоја загуба и секоја добивка. Овие видеа потоа се испраќаат во Санкт Петербург, каде ги анализираат додека не го дознаат псевдо-генераторот на случаен избор. Потоа ги испраќаат податоците назад на телефонот на играчот. Пред апаратот да исплати пари телефонот вибрира. Играчот има период од 0.25 секунди од вибрацијата до притискањето на копчето. Ова време од 0.25 е просечна реакција на луѓето.

Групата составена од четири члена; покрај Мурат Блиев во измамата учествуваа и : Иван Гудалов, Игор Ларенов и Јевгениј Назаров. Четворицата се уапсени кога се вратиле во САД, откако беа препознаени во едно казино во Сент Луис. Според друг член на групата 90 отсто од парите одат во тимот во Санкт Петербург. „Коцкарите“ единствено носат паметен телефон кој е скриен во нивниот џеб и ги снима автоматите.

Иако дел од престапниците се уапсени, групата од Санкт Петербург е на слобода. Празнењето на апаратите може да продолжи и ако не се алчни нема ни да бидат забележани. Единствен начин за поправка е сите машини чии рандом генератори се пробиени е да се повлечат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments