Патрик Керстен од LLPA за вештините на идните технолошки лидери со AI Skilling

Како претседател на Одборот на Асоцијацијата на водечки партнери за учење (LLPA) и програмски директор на Computrain од Холандија, Патрик Керстен се одликува со богато искуство и експертиза како за ИТ обука, така и за начинот на кој ИТ компаниите се справуваат со новите предизвици на нашиот дигитален свет.

Технологиите како што се вештачката интелигенција и алатките како што се ChatGpt и Microsoft Copilot M365 допринесуваат да имаме зголемена побарувачка за поединци со соодветни вештини, но и за соодветни алатки кои правилно ќе ги обучат сите оние кои сакаат да станат дел од индустријата.

Патешествието на LLPA, од мала група компании во 2009 година, па сѐ до глобална мрежа од 32 центри за обука низ 55 земји, е доказ за моќта на соработката и иновативноста. Слично на тоа, нивната заложба за зајакнување на поединците со вештините потребни за идната технологија го направи водечки снабдувач на ИТ обука на глобално ниво.

IT Logs се запозна со Керстен за време на настанот „FutureForward: AI Skills in the Corporate World“ организиран од Семос Едукација и образовниот центар М6 во Скопје. Заедно, дискутиравме за иднината на технолошкото образование и каква улога играат Computrain и Semos Education во нејзиното обликување.

Што е AI Skilling?

AI Skilling е процес на опремување на поединците со знаење, вештини и способности за ефективно работење со технологиите за вештачка интелигенција.

Или, со други зборови: AI Skilling или вештините за вештачка интелигенција се однесуваат на компетенциите и знаењата потребни за развој, имплементација и управување со системи и апликации со вештачка интелигенција

IT Logs: Од каква важност е AI skilling во моментов, особено со подемот на оваа технологија?

Патрик Керстен: AI skilling е од исклучителна важност и, порано или подоцна, можеби сите ќе се соочат со една или друга форма на процесот. Пред околу 20-30 години тоа ги засегаше луѓето од ИТ индустријата, но сега ги засега сите. Се разбира, ИТ професионалците и понатаму ќе треба да управуваат со системи и да развиваат апликации итн., а корисниците, деловните корисници, директорите, носителите на деловни одлуки, треба да се запознаени за малку поразличен агол. Она што ние се обидуваме да го примениме е да се погрижиме секој да ја добие соодветната обука и потребните вештини.

Има толку многу алатки кои ќе го променат светот на вештините, а, со тоа, и нашите идни бизниси. Може да биде многу корисно во интегрираните програми каде што правиме обука за виртуелен инструктор, но и при комбинација со самостојна обука.

Ние секогаш гледаме да се прилагодиниме на потребите на клиентот, со вклучено менторство. Или преку неколку разговори или со ментор кој го следи напредокот на ученикот треба да се дополнително мотивираат учениците, особено за време на самостојниот дел. Треба да сме сигурни дека учениците ќе можат да продолжат да работат преку учење и ќе можат да ги завршат нивните задачи пред да преминат на работа со тренер.

Кои се вашите размислувања за целиот процес – дали ќе биде лесно или тешко за луѓето да прифатат вештачка интелигенција како тренер?

Мислам дека вештачката интелигенција лесно може да се вклучи во менторирањето на учениците и во помагање за полесно развивање вештини. Од голема важност е и прилагодување на индивидуалната потребата и способност за учење затоа што сите ние различно учиме. Првото нешто на што ме потсетува ова е ситуацијата: што ако личноста А помине полека низ еден дел, а личноста Б помине побрзо низ истиот тој дел?

Она што вештачката интелигенција може да го направи е да ги поддржи овие процеси и овозможи менторството да се прилагоди на потребите на сите. Предноста на адаптивното учење е да се соодветно реагира на начинот на кој луѓето учат одредени работи и да се подобри ситуацијата во иднина.

А кога се работи за разговори од информативен карактер, нема да мора да има потреба за физички тренери, туку може да има холограм. Подразбирливо, ќе биде потребно извесно време пред овој холограмски AI тренер да знае како да реагира на учениците – како да се однесува према незаинтересирани или збунети ученици, и слично.

Она што го правиме и во индустријата за обука во моментов е размислување за тоа како ќе изгледа иднината за пет до десет години од сега и какво ќе биде нашето место во неа. Сепак, ние во индустријата за обука треба да се прилагодиме на можностите на вештачката интелигенција и да размислиме за идните чекори.

Колку е ефикасна вештачката интелигенција во целиот процес на обука и кои се другите бенефити?

Земете ја ситуацијата пред февруари 2022 година: никој не беше слушнал за ChatGPT. Сега, сите знаат за алатката и речиси сите ја тестираат, што значи дека овој процес се движи многу побрзо од другите технологии.

Истовремено, процесот ќе оди многу брзо бидејќи технолошките компании имплементираат генеративна вештачка интелигенција во нивните системи. Ги видовме овие примери со копилотите, што е апсолутно неверојатно! И ова навистина ќе ги промени животите на луѓето, главно затоа што почнува да влијае на сите и навистина го забрзува целиот процес.

Како алатките за вештачка интелигенција влијаат на програмите за обука за ИТ?

Ако некој оди на обука за Excel, лицето можеби веќе знае 10 проценти од Excel, но, по завршување на часот, лицето може да знае 20 проценти. Иако ќе го удвои знаењето, сепак му недостасуваат уште добри 80 проценти. Она што алатките за вештачка интелигенција можат да го направат е да ги поддржат луѓето (низ целиот процентуален спектар), се додека тие можат да ги опишат нивните крајни цели.

Алатките ќе станат интегриран дел од секојдневниот живот на луѓето, деловните корисници, корисниците на алатките на Office ќе можат да повторуваат, специфицираат и подлабоко да навлезат во тоа што го работат.

Поттикнувањето е многу важно, но освен поттикнувањето, потребно е и да знаете што сакате. За да се промени и нашиот процес, мора да бидете многу јасни во тоа што сакате да постигнеме.

Треба да ја имаме моќта да ги обучуваме луѓето на нивно ниво и да ги подготвуваме за улогите кои се во нивната фаза на трансформативното патување. Значи, постои обука за секого, без разлика дали сакаат да имаат хибридна програма за обука или обука кое е предводена од инструктор или пак само вебинар од информативен карактер. Мислам дека има решение за здобивање со вештини за секого, и ние ги обезбедуваме овие решенија за да се осигураме секој да биде соодветно оспособен и секоја организација да има корист.

Што е со ИТ професионалците, колку им е важно да останат во тек со она што се случува со вештачката интелигенција?

Всушност, сите овие корисници не би можеле да користат Copilot или која било алатка за вештачка интелигенција, доколку таа не е управувана или развиена од ИТ професионалци. Значи, важно е инженерите за вештачка интелигенција, како и инженерите за податоци да бидат таму и да се уверат дека податоците се точни. Затоа што ако податоците не се добри, вештачката интелигенција не може да направи ништо.

Мислам дека трансформацијата на вештачката интелигенција со која се соочуваме сега ќе бара професионалци со различни улоги. Поради тоа, мислам дека е исто така важно да се истакне дека ќе има многу нови улоги и доволно можности за сите во светот да најдат работа што им се допаѓа.

Она што во моментов го правиме со опслужување на клиентите е да ги преквалификуваме луѓето кои се надвор од класичната дефиниција за една ИТ улога. Тоа ги зајакнува клиентите и им дава можност да не мораат да бараат надвор од нивната компанија бидејќи она што го бараат веќе го и имаат внатре во самата компанија.

На какви други трендови мислите дека ќе наиде обуката за ИТ во текот на наредниот период?

Многу е тешко да се каже и да се види каква ќе биде ситуацијата за една, две или три години. Меѓутоа, како што реков претходно, ќе биде особено важно приспособувањето на програмата за обука на потребите за учење на поединецот, како и беспрекорното поврзување на компонентите на програмата за учење, се со цел да се осигура дека поединецот ќе се усоврши во вистинско време и за вистинската улога.

Мислам дека ќе бидеме први кои ќе ја приспособат содржината за конкретни луѓе или специфични улоги. Мислам дека тоа е, и ќе биде важно. Она што сега го гледаме е дека, ако клиентот дојде кај нас и каже дека сака да ги оспособи вработените за одредени улоги, ние можеме да го овозможиме тоа.

Секако, нашата организација е доволно искусна и располага со сите потребни податоци. Но, тоа е направено од луѓето, а би било многу полесно да се користи вештачката интелигенција – така што вештачката интелигенција добива барање од клиентот, нешто што е претворено во добро прашање за она што веќе го знаеме. За возврат, можеме да создадеме програма прилагодена за овој клиент, за овие улоги, за тие нови вештини и, со тоа, да им обезбедиме лично искуство за здобивање со потребните вештини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk