Pastebin сака да ги спречи хакерите да објавуваат постови со доверливи информации

Pastebin.com, сервисот за постирање кој стана најпрепознатлив по тоа што се користи од хакерските групи Anonymous, LulzSec и други, за објавување на украдени доверливи податоци, реши да најми повеќе вработени да помогнат да се спречат понатамошни постирања на такви „осетливи“ информации.

На сајтот секој може да сподели пост без потреба да се логира. Сервисот им овозможува на хакерите лесно и анонимно да ги постираат украдените доверливи податоци кои многу често се појавуваат на листата на најпопуларните теми кои ги прегледуваат сите 17 милиони уникатни месечни посетители. Сајтот заработува пари од реклами, и таквата негативна популарност му штети бидејќи е блокиран во Турција и Пакистан.

Сопственикот на сајтот, 28-годишниот холанѓанин Џароен Вадер, вели дека поради таквата содржина не поминува ниту еден ден а сајтот да не биде под DDoS обиди да биде срушен. Често нападите доаѓаат и од самите хакери кои го користат сервисот бидејќи им служи за тестирање. Тој најави дека ќе најми повеќе луѓе за да ја следат сета содржината која се објавува на сајтот, а не само таа која се пријавува. Но, додава и дека ќе се обиде да го задржи слободното постирање.

„Мислам дека е важно луѓето да имаат пристап до сајт како Pastebin бидејќи им нуди целосна слобода на говор.“, вели Вадер за BBC.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk