2 коментари 2 мин. читање 2 април, 2012

Најголемата европска гејминг платформа Wooga забележа 11 мил. симнувања на Diamond Dash за iOS

Можеби не сте чуле за Wooga, но доколку сте друштвен гејмер сигурно сте играле некоја нивна игра. Германската Wooga, стартувана во 2009-та година, стана најпопуларната европска гејминг компаниja, и со 46 милиони месечно активни играчи е втора најпопуларна гејминг платформа на Facebook, веднаш зад Zynga, креаторите на Farmville.

Една од најпопуларните игри на Wooga е Diamond Dash, чија iOS верзија за само четири месеци е симната над 11 милиони пати. Оваа игра не е кој знае што, не е „сериозна“ игра со супер графика, туку е едноставна логичка игра со поврзување на дијаманти за 60 секунди која ги забавувува милионите корисници кои сакаат да се дружат. Токму заради тие потреби на играчите, iOS верзија има можност за синхронизирање на бодовите меѓу различни уреди и дарување на поклони на пријателите кои ја играат десктоп верзијата.

Според статистиката на Wooga, 64 отсто од корисниците на iOS верзијата се логираат со Facebook профил за да играат со пријателите, и, интересно, корисниците кои се логираат со Facebook се 8 пати порасположени да потрошат пари на играта, и тоа 50 отсто повеќе пари.

[youtube]q14oZPfr4wg[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
kapsarovb
kapsarovb
14 years ago

Wooga не се гејминг платформа, тоа се студио за изработка на игри!

Иначе… :)

Мени
Заедница
Изглед
To top