Аpple најави дека од сега во Европа ќе нуди две годишни гаранции за сите свои продукти како што е според правилата на Европската Унија. Претходно Apple обезбедуваше само гаранција една година иако законите на ЕУ наложуваат производителите да обезбедат минимална гаранција од две години за своите производи.
Но, Apple наместо да ги информира корисниците за овие правила, ги искористи двегодишните гаранции како промоција на своите продукти во Италија, каде тамошните власти ја казнија ИТ компанијата со 900.000 евра. Аpple беше казнет за дезинформација на корисниците бидејќи го продаваше AppleCare Protection Plan кој ја продолжува гаранцијата од една на две години. Сега тој план ја продолжува гаранцијата на три години.
Apple вели дека новата две-годишна гаранција важи за сите граѓани на EУ.







