По осум години работа, хрватската компанија Shoutem ја претстави петтата верзија на платформата. Новата верзија на платформата е споделена и на Product Hunt.
„Shoutem е платформа која овозможува развој на iOS и Android апликации. Платформата обезбедува развојна средина, алатки и можност за промена на некоја од функционалностите или креирање на нова,“ вели Роберт Секулиќ, од Shoutem.
Платформата овозможува и креирање на апликации без пишување код. Но и целосно менување и прилагодување на алатките и софтверот за креирање на специфични апликации. За сите кои не кодираат, најголемиот дел од функционалностите потрeбни за дизајн на совремна апликација веќе се достапни.
Платформата не помага единствено за креирање на апликацијата. Корисниците можат да ја користат за објавување на апликацијата, но и за анализа на користењето и за испраќање нотификации.
Креирањето на апликации не е евтино. Можноста за поедноставно креирање на апликации за iOS (iPhone), Android и HTML5 за 50 долари месечно најверојатно е примамлива опција за малите и средни компании. Оптимизацијата за iPad се плаќа дополнително (цената на пакетот е 120 долари месечно).
Седиштето на Shoutem е во Њујорк, а равојниот тим е во Загреб.







