0 коментари 2 мин. читање

Parkiraj.mk

{mosimage} Вклучувате телефон, праќате порака и „Повелете вашиот билет за паркирање“. Како што можеби знаете, во Скопје стартуваше проектот „Зонско паркирање
. За да паркирате во некоја од зоните потребен ви е билет. Покрај стандардното купување преку паркомат, еден начин на обезбедување паркинг простор е купување на билетот преку мобилен.

Parkiraj.mk е сервис за обезбедување билет за паркирање во Скопје преку мобилен телефон. Потребно е само да се регистрирате онлајн и потоа со СМС порака ќе си купувате простор за паркирање. Потоа следете ги инструкциите на Parkiraj.mk:

За почеток на паркирањето:

  • Напишете СМС порака во форматот: Зона РегБр, каде што Зона е шифрата (бројот) на зоната во која паркирате, додека РегБр е бројот на регистарската таблица на вашето возило.
  • Пратете ја следната СМС-порака на бројот 144 144.
    Бројот на регистарската таблица треба да биде напишан без празни
    места и посебни знаци (точен формат би бил AA123FF; форматите како
    AA-123-FF или AA 123 FF не се валидни).
    На пример: A3 AA123FF за да го паркирате Вашето возило (со регистарска таблица AA123FF) во зона A3.
    Како
    одговор на Вашата команда за почеток на паркирањето, ќе добиете одговор
    на СМС-пораката, која би изгледала вака: "Возилото AA123FF е паркирано
    во зоната A3".

За да заврши вашето паркирање:

  • Напишете СМС-порака која ќе ја содржи само буквата S.
  • Пратете ја пораката на бројот 144 144.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top