{mosimage}IBM доби права врз патент на систем што ќе овозможи пристап до друштвените мрежи без да сте на компјутерот, како вид на далечински управувач за телевизија само што ова е наменето за Тwitter или Facebook.
„Еден од радостите на гледањето телевизија е дискутирање со пријателите за случувањата на вашето омилено шоу или најновата емисија“ IBM ја објаснува идејата за уредот кој „дозволува на гледачот да аутоблогира за моментални искусени медиумски искуства во реално-време без да мора да дојде во директна интеракција со компјутерот“ се вели во барањето за патент.
Идејата на IBM и не е толку лоша бидејќи како што самите пишуваат во барањето „технологијата продолжува да ја подржува човековата потреба да остане конектиран со другите почесто и побрзо“.
Со ова телевизијата може да стане „подруштвена“, но преставник од компанијата рече дека се уште не се знае дали IBM ќе се нафати да го прави уредот.
„Не знам за специфични планови ова да се стави на листата на IBM продукти. Мислам дека поголема можност е дека некоја друга компанија ќе го лиценцира ова“ вели тој кој додаде дека IBM лани добила 4,186 патенти.
{mosimage}






