{mosimage} Англискиот весник Telegraph.co.uk направи листа на 50 најбарани термини на Wikipedia за 2008 и 2009 година. Инаку онлајн енциклопедијата ја посетуваат околу 60 милиони луѓе месечно и има преку 13 милиони текстови на 260 јазика. По бројките се гледа дека Wikipedia станува место каде што луѓето си ги проверуваат информациите.
Токму тоа е интересното од листатата. Според неа се гледа дека најбараните термини се всушност најзборувани или најактуелни термини. Така Wikipedia делува како еден вид огледало на тоа што се пребарува на интернетот. Пример, терминот „Мichael Jackson" се наоѓа на третото место за 2009 година со 79.734 пребарувања на ден(просек), зад „Wiki“ и „the Beatles". Дента кога умре популарниот пејач, Wikipedia забележа 5.9 милиони прегледи на неговата биографија.
Од друга страна иако најактуелните термини се најбарани, сепак тие се и најнеточни.
„Постарите текстови се посеопфатни и балансирани, додека новите текстови многу почесто имаат различни шпекулации, неенциклопедиска содржина и вандализам“ пишува Wikipedia.
Интересна изјава даде и Вирџил Грифит, програмер за Wikipedia и неуролог на Калифорнискиот иститут за технологија.
„Секој закачува рандом сра*е на Wikipedija, и тоа што им се допаѓа на луѓето и за што се сложуваат, останува. Глупостите кои на луѓето не им се допаѓаат се тргаат“ изјави г-дин. Грифит за Wired магазинот кој пишува дека Wikipedia ќе ги бои позадините на текстовите, од портокалово во посветла боја, за да ја означи веродостојноста на текстот според доверливоста во соработниците и регистрираните корисници.
Еве ги топ 10 термините за 2009 година, според листата на Telegraph.co.uk. Други информации за Wikipedia и најбараните термини можете да најдете за 2009 год. тука и за 2008 год. тука, или најпребаруваните термини во изминатиов час, како и статистика за македонската Википедија.
- 1) Wiki (131.383 прегледи дневно)
- 2) The Beatles (111.896)
- 3) Michael Jackson (79.734)
- 4) Favicon.ico (78.077)
- 5) YouTube (72.318)
- 6) Wikipedia (52.542)
- 7) Barack Obama (49.401)
- 8) Deaths in 2009 (48.758)
- 9) United States (46.545)
- 10) Facebook (42.679)






