Параноични торент сајтови може да ве блокираат ако користите Windows 10

во Софтвер

Се појавија гласини дека новиот Windows 10 испраќа податоци до Microsoft со кои можете да биде препознае нелегален софтвер, односно да биде откриен сајтот кој хостира пиратски торенти. Поради ова некои параноични пиратски сајтови решија да ги блокираат кориснициte кои имаат Windows 10.

Засега нема сигурен доказ или потврда дека Microsoft ги добива податоците од корисниците, но дел од торент сајтовите се убедени во ова. „Windows 10 ги испраќа содржините од локалниот хард диск на еден од нивните сервери“, велат пиратите тврдејќи дека Microsoft соработува сп MarkMonitor за да идентификува луѓето кои преземаат содржини од интернет. Првиот сајт кој го банира Windows 10 e iTS, со најави дека наскоро може да следат и други торенти.

Главна причина за сомневањата дека Microsoft го собира овие податоци од корисниците е договорот за користење, од кој претходно произлезе и најавата дека Microsoft може да ги исклучи сите нелегални видеоигри или софтвер. Најголем дел од податоците во Условите за користење на Windows 10 (EULA) за кои зборуваат oд iTS сепак можат да се исклучат, па оперативниот систем да не испраќа податоци до Microsoft, но наместо ова сервисот се одлучи да почне да дели забрани. „Можеби попаметно ќе беше да ја запознаат јавноста со опасноста и со начинот на кои може да се надмине проблемот“, вели TorrentFreak.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments