Хакот на сервисот за романтични состаноци AshleyMadison.com со мото „животот е краток, имајте афера“, ги зеде првите жртви кои не можеа да се соочат со срамот откако нивните љубовни афери беа објавени на интернет. Пристигна вест дека има две самоубиства во Канада, но и дека се понудени 500.000 канадски долари награда за инфомрации за хакерите кои ги украдоа и објавија личните информации. Полицијата побара и помош од white hat хакерите, а во тек е меѓународна акција во која се бараат прекршителите.
„Би било глупаво од нас во Торонто да мислиме дека самите можеме да се го решиме ова,“, вели Брус Еванс од полицијата во Торонто. Одговорноста за нападите на AshleyMadison ја презема хакерската група Impact Team и единственото барање беше целосно затворање на сервисот или да се соочат со одмазда. Во објавените фајлови има податоци за 33 милиони корисници на сервисот, заедно со податоци за платежните картички, потврди г. Еванс за ВВС.
„Бараме white hat хакери кои не се поврзани со случајот. Impact Team оперира на скриениот интернет, а таму полицијата речиси и да нема пристап“, бара канадската полиција. Иако фокусот на приказната е на масивноста на нападот и податоците кои се украдени и сега се злоупотребуваат, нападот овојпат е и од поинтимна природа. Иако станува збор за обичен сајт за договарање на состаноци, ситуацијата е полоша бидејќи страната овозможува дискретни средби помеѓу мажи или жени кои ги изневеруваат своите партнери. Како последица на ова финансиските податоци овојпат не се првата работа која сакаат да ја заштитат корисниците, туку податоците за средбите.