0 коментари 2 мин. читање 25 август, 2015

Cortana бета и официјално е достапна на Android

Гласнивниот асистент на Microsoft, Cortana, и официјално е достапна за Android. Верзијата која е достапна на Google Play e бета, но за разлика од претходно протечената Cortana, оваа е поблиску до финален производ, откри Microsoft на својот блог. Во моментов Cortana е дотапна единствено во САД, но според најавата наскоро може да ја очекуваме и на нови пазари.

За разлика од Windows верзијата на Cortana за Android е нешто поограничена, па така нема гласовно активирање, ниту преголеми ингеренции за пребарување по телефонот врз основа на кои Cortana би можела да го креира распоредот на корисникот. Сепак апликацијата има најголем дел од функционалноста на Windows Phone и PC. Mоже да си ставитe потсетник, набрзина да пребаратe на интернет, и како и останатите асистенти, и Cortana овозможува редовно прикажување на клучните информации што ве интересираат. Microsoft најавува подобро корисничко искуство и постојано подобрување на апликацијата во бетата, заедно со известувања до корисниците.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top