0 коментари 2 мин. читање 9 август, 2022

Снимајте го вашиот екран со PicPick

Дали често се наоѓате во ситуации каде треба да покажете на некој роднина или пријател како да направи некоја работа на копјутерот? Понекогаш, не можете (или не сакате) да ги подучите лице-во-лице и во тие ситуации секогаш е подобро да им пратите видео инструкции. Секако, најлесен начин е да го направите тоа снимајќи со камерата од вашиот телефон и праќајки им го видеото, но зошто аматерски финален продукт кога може крајно професионално, со PicPick!

Се работи за апликација која ви дава целосно контрола за брзо и ефикасно целосно или делумно снимање на вашата работна површина. Видеата кои ги снимате можат да бидат сочувани и како анимирани GIF-ови. За пофалба е и корисната функција за снимање веб сајтови и документи кои не можат да бидат целосно прикажани на еден екран.

Со претискање на копчето PrtSc започнувате снимање на целиот ваш екран, а со комбинацијата од копчињата alt+PrtSc само одредена област од екранот. Во комбинација со снимање видео, можете без проблем да снимате и аудио, дали музика во пазадина или дополнителни гласовни инструкции, нешто што знае да биде особено корисно доколку снимате и споделувате туторијали на YT и слични канали.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top