Интернетот е се погласен дека Google наскоро ќе претстави паметен часовник кој ќе работи на најновиот Android Kit Kat. Гласините доаѓаат од 9to5Google кој вели дека паметниот часовник е скоро готов, и дека најверојатно ќе чуеме повеќе за Nexus Gem на почетокот на ноември.
Часовникот ќе биде базиран на технологијата на WIMM Lab кои Google ги купи пред две години, но главната функционалност ќе бидат картичките на Google Now. Со нив часовникот ќе собира лични податоци за корисникот, пример, ќе ви кажува уште колку време возење имате до работа, или какво е времето на вашата локација, ќе работи како потсетник за состаноци и ќе може да испраќате SMS пораки со гласовен асистент кој најверојатно ќе се користи најмногу за пребарување на интернетот.
Според 9to5Google, Google се фокусира во моментов на Bluetooth поврзувањето со Android телефоните, како и на подолготрајна батерија. Нема детали дали часовникот ќе има сензори за следење на здравјето како што се очекува од паметниот часовник на Apple. До сега само Sony и Samsung ги претставија своите паметни часовници.








