2 коментари 2 мин. читање 4 март, 2013

Паметниот часовник на Apple ќе се појави до крајот на годината

Часовникот на Apple ќе работи на iOS, ќе се појави до крајот на годината и ќе биде попрофитабилен од Apple TV, пишува Bloomberg. Аналитичарите велат дека пазарот на часовници вреди 60 милијарди долари според продажбите во 2013-та година, што е четири пати повеќе од пазарот на телевизори. Но, за да биде Apple успешен на тој пазар, ќе мора да креираат нешто уникатно како што направија тоа со iPod-от, „нешто што потрошувачите не знаеја дека им треба“, вели аналитичарот Оливер Чен кој покрива пазари со луксузни добра.

Според Bloomberg, Аpple има ангажирано 100 дизајнери кои работат на часовник кој ќе работи на iOS платформата за да може да ги извршува истите задачи кои можат да ги прават iPhone и iPad. Се очекува тие часовници да се користат за правење повици, да покажуваат детали за тој што врти и да се користат како мапи. Ќе има и сензори кои мерат чекори и сензори за следење на пулсот.

Аpple веќе има поднесено 79 патенти за технологијата, меѓу кои е и уред со флексибилен екран кој работи на кинетичка енергија (види ја сликата погоре).

„Apple може да ги спои модата и функционалноста. Часовник од Apple може три пати да ја зголеми бизнисот со часовници за година или две. Тие можат да ги натераат сите кои имаат паметни телефони да излезат и да си купат уште еден часовник.“, вели за Bloomberg аналичарот Маршал Коен од NPD Group.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top