0 коментари 2 мин. читање 10 јули, 2014

Паметен прстен може да им чита текст на слепите лица

Научниците од Универзитетот MIT развиваат уред кој ќе може да се носи како прстен, а ќе им помогне во читањето на лицата со оштетен вид. Kорисниците треба само да го повлечат прстот преку текстот, а уредот ќе им го чита текстот. Прототипот на прстенот е 3Д-испечатен, а на него е монтирана камера која го скенира текстот. Покрај ова прстенот има моторче со помош на чии вибрации корисникот се известува доколку се оддалечил од текстот. Прстенот е во развој изминатите три години од кој најголем дел во кодирање на софтверот, експериментирање со различни дизајни и контрола со тест групата, пренесува Huffington Post.

Корисниците можат да го користат престенот за читање од најразлични хартиени подлоги како книги, списанија па дури и екрани, но проблеми се појавуваат доколку се обидат да го користат за читање на екраните на допир. Најголем проблем е што со поместување на прстот по екраните во најголем дел од случаите се разместува текстот што го „буни“ уредот.

Најголема предност на уредот е неговата големина, што овозможува да биде носен насекаде, а не е за занемарување и што читањето е кога корисникот ќе го посака тоа. Технологиите кои го овозможуваат ова доаѓаат со големи скенери кои најпрво треба да го скенираат и да го анализираат целиот текст па потоа го „раскажуваат“, големината на уредите спречува да бидат преместени па поради ова се со ограничена употребливост. Засега нема податоци за цената ниту за времето на излегување на прстенот, но сигурно е дека пред да биде излезе во продажба пристенот дизајнерите сакаат да го решат проблемот со читање на екраните на допир.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top