Во овој период можеби апликациите кои ги прогнозираат временските услови и не се премногу потребни посебно за Скопје, но доколку планираме годишен одмор, секојпат сакаме добро да се информираме за временските услови. Се разбира за оваа пригода има куп Android апликации, но сепак некои се подобри од другите.
Accuweather Platinum е најдобрата апликација која може да ја добиете за вашите пари, препорачува Verge, иако со оглед на бројот и квалитетот на апликациите можеби во овој случај ќе сакате да си ги заштедите парите. Апликацијата е навистина прецизна во прогнозите дали ќе врне и доколку заврне колку време ќе трае дождот, и добро е што има бесплатната верзија на апликацијата која го овозможува истото, но со куп здодевни реклами.
Weather Underground е една од алтернативните апликации која прилично точно ја прогнозира временската состојба. Доаѓа со можност за нотификации доколку дојде до промена на временската состојба, а најголема предност е што податоците за временските услови доаѓаат и од 33.000 аматерски станици што овозможува точност при прогнозата насекаде. Дел од податоците се собираат и од корисниците па доколку временските услови не одговараат со предвидените може да го пројавите ова или доколку има опасност на патот апликацијата ќе ве извести за тоа или може и самите да ја пријавите доколку никој не го направил ова пред вас.
Kaко и iOS верзијата на Yahoo Weather апликацијата, за која веќе имаме пишувано,така и нејзината Android верзија изгледа прекрасно. Како и претходните апликации прогнозата е добра, но сепак најголема предност на апликацијата и е изгледот и за разлика од Weather Underground е полесна за навигација. Недостаток е немањето на анимиран радар, но доколку не сте сигурни при анализирањето на податоците ова секако нема да ви претставува проблем.
[youtube]EqBe50bSKaQ[/youtube]









