Е-банкинг и банкарски апликации на македонските банки
Јас сум на НЛБ и сум супер задоволен од функционалностите. Изгледот е реално, за греота. Интерфејсот на мКлик е како да е од 2008 година. Ако ја ѕирнете мКлик на НЛБ Словенија, тоа е веќе друг муабет. Но од перспектива на функционалност, супер е. НЛБ Пеј е супер. Има се што треба, прегледно и убаво скоцкано.