Aliexpress
А зошто за тему нарачки нема На Тему ти пишува на крајот кога ќе направиш чекоут колку ќе ти биде данокот
А зошто за тему нарачки нема На Тему ти пишува на крајот кога ќе направиш чекоут колку ќе ти биде данокот
Vertical Stand за лаптоп има некаде кај нас а да не е претерано скап? Држач за лаптоп ZOY ZLS02, сребрен Држач за лаптоп ZOY ZLS02, сребрен nа продажба! Купувајте онлајн по супер понуди и цени. Нарачка низ цела Македонија - Zirafa50.mk gjirafa50.mk Овој е најефтиниот
Јас често ја користам Корпа, но во последно време забележувам дека кадарот што го вработуваат е необучен и крајно непрофесионален. На почетокот беа навистина добри, но изгледа дека, како и многу други компании во Македонија, и кај нив работите почнуваат да одат надолу поради некомпетентен менаџмент.
Tesla Cybercab не е само уште едно футуристичко возило, туку еден од најзначајните проекти со кои Tesla се обидува да докаже дека иднината на оваа компанија не е ограничена единствено на производство и продажба на електрични автомобили. Во новата анализа, достапна на YouTube каналот на финансискиот експерт Иван Ивановски, детално се обработува технологијата зад Cybercab, […]
Има секакви преваранти на реклама5: https://www.reddit.com/r/mkd/s/7pGg7BiT3d
Milsped со код MIL000 кое карго ги носи? Во ниедно карго кодот не постои -_- Вечерта во 10 часот го менат статусот демек пратката е во курирот.
Значи место да ѓи наградат постоечките корисници они трчат по нови :cry:Секоја година е исто. А пошто е без годишна обврска, зарем не можеш да го изгасеш и да активираш нов пакет на истата адреса?
Ако ве нервира ѓубрето на улица, преполните контејнери, пластични шишиња на тротоарите, ќеси и хартии во тревата во паркот, не сте единствени. За жал, оваа лутина најчесто завршува како објава или фотографија на друштвените мрежи. Благодарение на алатката Chisto.mk, граѓаните може да пријават див отпад, загадување или нелегално фрлање ѓубре за помалку од две минути. […]
Дали Payoneer поддржува SEPA, моментално клиентите ми исплаќаат тамо во USD, и доста големи провизии ми се фаќаат(околу 5%) од Payoneer USD на македонска девизна смета во долари. Дали знаете доколку ги конвертирам на самиот Payoneer од USD vo EUR и ги повлечам на девизна во евра, трансферот ќе чини помалку?
Добар бизнис :))) Stolen ZOTAC RTX 5090 from Brazil airport heist shows up online for $6,000, inside job suspected A card from that missing RTX 5090 shipment in Brazil just turned up on OLX for about $6,000, and a police report points to three airport workers. www.tweaktown.com
Нажалост не можам таков некој пошто бирото ми е во уникатна ситуација. Споено е за ѕидот и нема мрдање напред назад. Затоа ѕид ми е најсигурно. Здравје или овој или тој Arctic W1A. Ќе споделам кога се ќе монтирам. Фала ти за одговорите :D
OpenAI во соработка со поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв, подготвува хардвер без екран кој треба да ги замени навиките со кои корисниците ги користат сегашните паметни звучници. Според ново известување на Bloomberg од 14 јули, првиот хардверски производ на OpenAI ќе биде преносен звучник со полнлива батерија и без екран, замислен како „хумано” ВИ […]
Апликацијата си е супер и доста информативна. Една замерка што имам е проценката на потрошеност после тренинг. Мислам дека потценува истрошеност и имаше случај каде што играм фудбал (high intensity) некој 50-60 мин и пишува дека само 10% ми потрошило од енергија.
Не знам зошто мислиш дека не би го направиле и тоа? Верувам дека сите се согласуваме и дека тие се проблем во сообраќајот лол А мочкото личеше како да е 18 19 такашто не е дека е детенце па "му се силиме"
Имам изгасено да ми стигаат мејлови за нови коментари на теми, али упорно ми стигаат? Некој друг да го има истиов проблем?
Додека трката за развој на сè помоќни модели на вештачка интелигенција продолжува со забрзано темпо, дел од најголемите компании во индустријата веќе се насочуваат кон прашање кое до неодамна звучеше како научна фантастика. Што ако идните ВИ системи не само што станат поинтелигентни од луѓето во одредени задачи, туку почнат да покажуваат однесување што наликува […]
Добри се добриии , платежна картичка од стопанска банка пратена преку пошта во март , пристигна вчера на адреса :ROFLMAO::ROFLMAO:Е добро де, па уште не и истекол рокот.
Здраво некој да понуди сервер кој има македонски канали, да не е кинески.
@Daniel86 Сертификатот се ресетира и ако додадеш/промениш отпечаток, и при промена на уред, бидејќи е врзан за конкретниот телефон и неговите биометриски податоци од моментот на активација. Во двата случаја мора повторно да го активираш.
Вештачката интелигенција стана новото геополитичко и економско бојно поле. Додека американските компании како OpenAI, Anthropic, Google и Meta инвестираат десетици милијарди долари во развој на нови ВИ модели, а Кина забрзано гради сопствен екосистем, Европа се обидува да најде рамнотежа помеѓу иновациите, регулацијата и технолошкиот суверенитет. Прашањето што сè почесто се поставува е дали Европа […]