Овој месец, Ubisoft ја подарува Beyond Good & Evil

0 коментари 1 мин. читање

Во чест на триесет годишницата, францускиот издавач продолжува со подарување по една игра секој месец. Кампањата започна во јуни, а ќе трае се до средината на декември.

Со официјалната најава за работа на продолжетокот на Beyond Good & Evil, некако и се очекуваше токму оригиналот да биде подарен овој месец.

beyond-good-and-evil-hd-7

Оставете ги сите предрасуди кои би можеле да ги имате за култниот хит од 2003, преземете  ја бесплатно преку нивниот сајт и втурнете се во неверојатна приказна за земја деморализирана од вонземни напади и тоталитарни режими. Во случај да никогаш не сте ја играле Beyond Good and Evil, играта не само што се одликува со впечатлива приказна и ликови кои остануваат со вас долго време по нејзино завршувања, туку и со феноменален гејмплеј кој на времето, па дури и сега, е исклучително задоволителен.

За преземање и играње на Beyond Good and Evil потребна е употребата на клиентот на Ubisoft – Uplay!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед