0 коментари 1 мин. читање 29 август, 2012

Ова се спецификациите на новиот Samsung Galaxy Note 2; ќе може да се купи во Европа од октомври

PocketNow успеа да ги најде деталите за новиот Galay Note 2 ден пред Samsung да го претстави официјално. Но, тоа не е важно сега бидејќи телефонот изгледа доста интересно.

Galaxy Note 2 има 5,5-инчен 720p екран со 16:9 резолуција од 1280 x 720 резолуција, што е малко помала од претходниот кој имаше 1280 x 800. Eкранот е HD Super AMOLED.

Има 1,6 GHz процесор со четири јадра, не се знае кој е производителот и кој модел на процесор е. Има 2 GB RAM и 8 мегапиксели камера и 1,9 мегапиксели од напред. Според димензиите, со 9,4 милиметри е потенок од претходниот кој беше 9,65 милиметри, но е потежок за 2 грама. И секако ќе го има S-Pen пенкалото кои доаѓа со неколку интересни функционалности.

Ќе биде достапен со 16, 32 и 64 GB, ќе работи на Android 4.1 Jelly Bean и ќе може да се купи во Европа од октомври.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top