Nokia најавува дека работите ќе се променат

3 коментари 1 мин. читање

Пред две недели Nokia и Microsoft ја најавија WP8 конференцијата која ќе се одржи на 5 септември во Њу Јорк. На конференцијата, како што е веќе и најавено ќе се претстават неколку нови уреди, но за што точно станува збор, сѐ уште не е познато, исто како и целата тематика на настанот. Меѓутоа, од Nokia објавија промотивно видео кое ни најавува некои промени.

„Things are about to change“ е пораката која се појавува во видеото во кое е прикажана девојка која вози велосипед и е снимен со мобилен телефон. Видеото можете да го погледнете подолу, а какви промени ќе ни донесат од Nokia ќе мораме да почекаме до 5 септември.

[youtube]moJ9T5pgKkA[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top