Како што пишавме, објавена е тест верзија на Firefox OS. Сега во продолжение следува мала рецензија и неколку слики како изгледа оперативниот систем на Mozilla. Како што веќе имаме пишано, се работи за nightly build, односно рана тест фаза која треба да биде потготвена до јануари кога ќе се појави и првиот мобилен телефон кој ќе работи на овој OS.
Во моментот не можеме да го извлечиме максимумот од тоа што може да го понуди Firefox OS, бидејќи работевме на емулатор, не можевме сите функции да ги извршиме како што треба, па ги оставивме за следниот пат кога ќе имаме можност да го тестираме на мобилен уред.

Корисничкиот интерфејс е добро дизајниран, едноставен и сите елементи совршено се распоредени и се вклопуваат во него. Нормално, главен прелистувач на оперативниот систем е Firefox кој работи перфектно, календарот сè уште не е довршен, но корисниците ќе може да си го распоредуваат времето со листа на работи што треба да ги завршат.
Некои делови по малку наликуваат на iOS, како што се пораките и до некаде контакт листата. Сепак, не е исклучена можноста дизајнот да претрпи промени до официјалното објавување.
Во продолжение можете да погледнете неколку првични слики што ги направивме, додека целосен преглед би можеле да очекувате за половина година.






Коментари
12 коментари
Коментарите се затворени.