Откако немаше реакција на заканите на Yahoo!, компанијата реши дека треба да преземе подраматични мерки, објавувајќи тужба против Facebook за прекршување на патенти врзани со друштвените мрежи.
Во тужбата поднесена во судот во Сан Хозе, Калифорнија, Yahoo! вели дека Facebook свесно и намерно ги прекршувал патентите кои се објавени од 1999-та до 2010-та година. Овие патенти опфаќаат рекламирање, приватност, персонализирање, друштвени мрежи и испраќање на пораки. Yahoo! во тужбата ќе ги искористи и зборовите на основачот на Facebook, Марк Закерберг кој еднаш изјави дека „ако ние не го направивме ова со Facebook, некој друг ќе го направеше“.
Facebook реагираше на тужбата, во која не се знае колку пари бара Yahoo!, со „разочарување“. Друштвената мрежа вели дека повторно не биле контактирани, туку дознале за спорот со Yahoo од медиумите. Најавија дека ќе се бранат со сите сили.
Патентите за кои започнуваа оваа легална битка се:
- US7454509, пријавен во 2001-ва, а одобрен во 2008-ма година, кој опфаќа систем за споделување музика со корисници со слични вкусови, односно според тоа што на вас и на вашите пријатели ви се допаѓа.
- US7599935, пријавен во 2005-та, одобрен во 2009 година. Се работи за контрола на приватноста, за споделување одредени информации само со пријателите на кои им е одобрено да ја видат таа содржина.
- US5983227, пријавен 1997, одобрен во 1999-та година. Овој патент ги покрива персонализираните страни.
- US7747648, пријавен 2005-та, одобрен во 2010-та година. Патентов ги опфаќа праќањето пораки на пријателите.
- US7406501, пријавен во 2003-та, одобрен во 2008 година, опфаќа метод на праќање пораки за инстан комуникација преку имејл протокол.
- US6907566, US7100111 и US7373599. Овие патенти, пријавени во 1999-та година, одобрени во 2005-та, се однесуваат на маркетинг системи кои можат да пласираат реклама на место на веб сајт според претходните активности на корисникот.
- US7668861, пријавен во 2007-ма, одобрен во 2010-та година и се работи за маркетинг систем кој проценува колку активност има корисникот на сајтот.
- US7269590, пријавен во 2004-та, одбрен во 2007-ма година. Се работи за метод за преглед на фотографии на пријателите, односно кои фотографии да бидат прикажани на корисникот.








Ove od yahoo i mene moze da me tuzat za nekolku nivni "patenti"
Site ovie tuzbi, sto momentalno se slucuvaat, okolu patenti, mene mi izgledaat mnogu bizarni…
Тебе може да ти изгледаат на што сакаш, но тие патенти постојат и се заштитени со закон, затоа и се викаат патенти, а ако се прекршени, некој ќе го јаде…
Patent trolls -_-