CNN го купува Mashable?

во Свет

Mashable, блог за друштвени медиуми со над 10 милиони месечни посетители стартуван пред седум години во Шкотска од тогаш 19-години стариот Пит Кешмор, ќе стане дел од CNN, се вели во два извештаи од Reuters и New York Times.

Mashable ги покрива друштвените медиуми и ИТ стартапи, и најверојатно нивната ИТ експертиза ќе помогне на CNN да го спои традиционалното известување со новите медиуми, нешто што американската популарна телевизија се обидува да го направи подолго време со инволвирање на друштвените мрежи во своите емисии во живо и пренесување на вестите.

Поврзаноста меѓу Mashabel и CNN не е нешто ново. Основачот на блогот, Пит Кешмор, е редовен колумнист за CNN каде што е опишан како „Special to CNN”.

Пит Кешмор испрати имејл до своите уредници во кое ги демантира шпекулациите кои се појавија на конференциај SXSW за аквизацијата од CNN.

Но, Reuters, и потоа New York Times, се повикуваат на неколку извори дека предлогот е ставен на масата и дека двете страни се договараат. Во моментов се споменува цена од 200 милиони долари, но тоа е малку неверојатно бидејќи TechCrunch, можеби и малку повлијателен блог за друштвени мрежи и стартапи од Mashable, пред некој месец беше купен од AOL за само 20 милиони долари. Повеќе детали ќе бидат дознаени во наредниве денови, вели Феликс Салмон од Reuters.

Приказната околу Mashable е доста неверојатна приказна за успехот и растот на ИТ блоговите. Стартуван е во 2005-та година во Абердин, Шкотска, од спалната соба на 19-години стариот Пит Кешмор (сега 26) кој пишуваше за разни интересни новини врзани со информатичката индустрија. Благодарение на Google Ads, блогот успева да заработи доволно пари за да најми уште автори, Кешмор вели дека во првите години не се сретнал со никој од нив, комуницирале само преку веб, кои ќе му помогнат на Mashable да стане еден од најголемите блогови во светот со над 50 милиони прегледи месечно. Mashable денес има 44 вработени кои работат од канцеларии во Њу Јорк и Сан Франциско.

[youtube]ajowmrii9RQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk