3 коментари 1 мин. читање

Тужба за Apple поради лажните ветувања за Siri

Дали Siri е навистина тој одличен, сезнаен личен говорен асистент како што Apple го прикажува во рекламите? Според еден њујорчанин, тие реклами се комплетна лага. Франк М. Фазио, заедно со други, поднесе тужба против Apple за лажно рекламирање бидејжи се чуствува излажан со ветувањата дека Siri може да им биде добар личен асистент.

„Во многу реклами на Apple, се покажуваат индивидуалци кои го користат Siri да закажат состаноци, да најдат ресторани, дури и да научат гитарски акорди oд рок песни или како да се врзе вратоврска. Во рекламите, сите овие задачи се извршени со леснотијо со помош на Siri, претставена функционалност до реалните резултати и перформансите на Siri.“, се вели во тужбата доставена до калифорниски суд.

Функционалноста на Siri се чини зависи од корисниците. Според Wall Street Journal кои ја пренесуваат веста за тужбата, наспроти мислењата на тужителите, Siri им помогнал да се снајдат во сообраќај. Но, за други, Siri е промашен сервис. Блогот Gizmodo објави текст дека „Siri е неиспонетото ветување од Apple“.

Аpple на својот сајт вели дека Siri е во Бета, па можеби таа beta етикета ги оправдува проблемите со кои се соочуваат некои корисници. Siri е достапен само за англиски, француски, германски и јапонски.

[youtube]rNsrl86inpo[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top