0 коментари 1 мин. читање

Adobe ги купи апликациите за едитирање на Aviary за да ги спои со Behance

Aviary, платформа за едитирање на фотографија со апликации симнати над 100 милиони пати, сега е дел од гигантот и креаторот на Photoshop, Аdobe. Според Aviary, oснована во 2007-ма година, со нивната платформа се едитирани 10 милијарди фотографии, но покрај апликациите, компанијата даваше и можност на девелоперите да ги вградат опциите за едитирање во сoпствените апликации.

Овие опции и апликации на Aviary ќе останат независни, изјави директорот Тобиас Пегс во блог пост. Но, во постот немаше детали како Adobe ќе го искористи талентот и софтверот на Aviary. Најавено е дека ќе соработуваат за да најдат начини да интегрираат продукти на Adobe во софтверот на Aviary. Прво што ќе биде направено е да се воведе можност за зачувување на авторските креации на Creative Cloud на Adobe, и да се овозможи пристап преку Photoshop. Но, бидејќи Creative Cloud и Photoshope се скапи за просечните фото ентузијасти, можно е Aviary да изгуби дел од корисниците кои беа навикнати на бесплатните апликации.

Според г. Пегс, за соработка помеѓу Adobe и Аviary се разговарало уште пред година и половина кога Adobe ја купи друштвената мрежа Behance. Идејата тогаш, и сега, е да се поврзе друштвената мрежа, популарна меѓу креативците, со алатките на Aviary за едитирање фотографии .

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top