Facebook започна да прикажува спонзорирани линкови во пребарувањето. Наскоро овие реклами, наменети да генерираат дополнителни приходи за акционерите да бидат среќни, ќе започнат да се појавуваат за сите 900 милиони корисници на Facebook.
Рекламите ќе се појавуваат кога ќе пребарувате други профили, брендови, фан страни или апликации. Рекламите ќе бидат забележителни бидејќе се означени како „Sponsored“, и ќе имаат опција да се скријат доколку не сакате да ги гледаате или пак сакате да ги означите како навредливи и неинтересни.
Според Facebook, бизнисите ќе можат да таргетираат корисници и да персонализираат каде ќе води линкот, пример кон таб на фан страната или кон апликација. Но, бизнисите нема да можат да ги насочат корисниците надвор од друштвената мрежа на своите сајтови. Според TechCrunch, може да се очекува таква функционалност да биде додадена по официјалното стартување.
Секако, тоа што ќе биде интересно да се види е како бизнисите и корисниците ќе реагираат на овие реклами. Проблем со нив е што секој бизнис си има своја фан страна каде бесплатно си ги рекламира производите и ги води корисниците на свој сајт, додека корисниците немаат навика да пребаруваат општи работи на Facebook како што го користат Google, туку пребаруваат точни и конкретни профили или апликации.








