Ова е македонската генерација К!

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Веб, Вести, ИТ.МК

Генерација K (Gen C) е термин кој се однесува на генерација која е креативна, креира и одбира содржини, се поврзува и гради заедница. Вообичаено станува збор за луѓе кои креираат свои содржини на YouTube.

Ако во светот оваа група нема старосна граница, кај нас во најголем дел станува збор за ученици во основни училишта и средношколци. Сепак и во светот, најголем дел од оваа група, 80% е составена од миленијалци.

Најголем дел од креаторите, ако не и сите, се самоуки, а за креирањето на квалитетна содржини потребни се куп технички вештини. Пример снимање со камера, монтирање на видео, користење на алатки за правење на мемиња. Токму ова води кон поголема сестраност на учесниците во овие групи.

Ова можеби изгледа наивно, но во светски рамки никој не се смее. Последниве неколку години токму оваа група ги поставува трендовите кои потоа влијаат на продажби во висина над 500 милијарди долари. Дури и Fanta направи цела маркетинг кампања со оваа генерација.

Ова можеби и не треба да биде никакво изненадување, Генерацијата К е постојано поврзана, над 91% од припадниците во оваа група спијат со својот телефон, покажа анализата на Google. Заедниците кои се креираат околу овие групи споделуваат слични или исти интереси.

Еден од членовите на оваа група е малиот Рајан. Тој од тригодишна возраст со помош на родителите започна да снима видеа за играчки. Денес шест годишниот Рајан благодарение на своите рецензии на играчки заработува по 11 милиони долари годишно. Ryan ToysRеview оваа година беше најгледан YouTube канал 40 недели по ред. Играчките на Рајан му ги купуваат неговите родители и не зема пари од реклами, но сепак влијае на продажбата на куп производи.

Ова можеби и не треба да биде никакво изненадување, Генерацијата К е постојано поврзана, над 91% од припадниците во оваа група спијат со својот телефон, покажа анализата на Google. Заедниците кои се креираат околу овие групи споделуваат слични или исти интереси.

Кои се македонските YouTube ѕвезди?

Во Македонија овие промени ги предводат најмладите, или барем помладите. Речиси сите кои започнуваат да споделуваат видеа се или во основно или во средно училиште. Младиот Марко “GP” Марковиќ, има 18 години, а постира видеа на YouTube веќе 5 години.

Освен вештините за снимање, монтирање и објaвување на видео на YouTube, македонските ѕвезди треба да знаат и англиски. Причината за ова е едноставна, Генерацијата К е глобална, се обидува да направи содржини кои ќе бидат интересни за нивните врсници од целиот свет.

„Во врска со прашањето „…како се најдовте?“, сакам да го спомнам фактот дека YouTube како платформа многу лесно нѐ зближи нас – јутуберите, формирајќи пријателства помеѓу луѓе со слични интереси кои уживаат да прават глупости пред камера и да ги насмеат луѓето“, вели Марко во претходно интервју за ИТ.МК.

Иако инвестициите за почетокот се помали (видеа може да се снимаат и со телефон), сепак за нивно уредување се потребни вистински вештини. Најголем дел од креаторите користат професионален софтвер, пример Adobe Premiere Pro кој самите научиле да го користат, без разлика дали со чепкање или со гледање туторијали.

Колкава е македонската YouTube заедница?

Неодамна македонските YouTube креатори на содржина имаа средба во Битола. Додека не видите како изгледаат и колку се посетени овие средби, тешко е веројатно дека ќе ви се верува што и да ви раскажуваат. Средбите често имаат стотици учесници, кои пасионирано дискутират и менуваат искуства за своите омилени работи.

Што се однесува до содржините кои ги споделуваат, во најголем дел нема разлика со врсниците од остатокот на светот. Видеоигри, смешки, интересени податоци, хобија се само дел од содржините кои се споделуваат.

Ако се мислите кого да следите, ова се дел од попопуларните македонски јутубери: BobiBeatbox, Winncoot, David Black, Андреј Прави Влогови, Darko Atanasovic, TLG, NugetHD, BonnoTV. Секако листата не завршува тука, а сите други ги очекуваме во коментарите.


Generation C го преведовме како Генерација К, бидејќи „C“ доаѓа од „creatives“, па на македонски соодветно  К од „креативци“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
перо
перо
6 years ago

Како бе Генерација Ккккккк, Генерација Ц

IT.mk редакција
Admin
Reply to  перо

Generation C го преведовме како Генерација К, бидејќи „C“ доаѓа од „creatives“, па на македонски соодветно К од „креативци“.

ит кариера

Singular

Team Lead

Digilink Konsalting

Java Script Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk