0 коментари 2 мин. читање 25 декември, 2017

Новата апликација на Едвард Сноуден го претвора вашиот телефон во систем за безбедност

Нова апликација изработена од Едвард Сноуден  го претвора стариот и бескорисен телефон во моќна алатка за сајбер безбедност. Она што е најважно е дека алатката овозможува релативно евтино заштита од несакани електронски посетители.

Heaven: Keep Watch е Android апликација која го претвора телефонот во детектор за движење, звук, вибрации и светлина. Со негова помош корисникот може да следи дали во домот има несакани гости, дури и кога не е дома. Апликацијата секако не е наменета за широка употреба, туку многу повеќе за осетливи групи. Новинари кои работат на чувствителни стории, борци за човекови прави, дисиденти и слично.

Heaven е креирана да работи на евтини телефони, но и во овој случај ги користи сите сензори. Апликацијата го користи микрофонот за детектирање на звук; акцелерометарот за движење; камерата за слики и слично. Апликациајта може да испраќа и фотографии и звук од помошниот телефон, на главниот телефон.

Ова ќе овозожи корисникот да го остави телефонот во својот дом или хотелска соба, на пример во близина на компјутерот кој го користи. Потоа без грижа може да излезе, а доколку некој „чепка“ Heaven ќе го извести, па дури и ќе прати слики и аудио.

Ваквиот уред секако нема да спречи некој кој ќе има физички пристап до компјутерот да го хакира, ова е невозможно. Но. ќе помогне корисникот да знае дека уредот повеќе не е безбеден.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top