0 коментари 1 мин. читање

Ова е Emma, преносен уред кој ќе им помогне на луѓето со Паркинсонова болест

Развојниот центар на Microsoft во Кембриџ, изработи уред налик на часовник кој во иднина може да им помогне на пациентите со Паркинсон. Прототипот на уредот го изработи директорката на иновативниот центар Хајанг Женг. Нејзината пријателка, уметницата Ема Лотон, ја има оваа болест и со години не црта или пишува.

Уредот сега е надвор од концепт фазата и постои прототип. За жал Emma не се справува со болеста, туку ги намалува треперењата. Благодарение на ова, Ема за првпат по многу години пишува и црта.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top