Што видовме на Google I/O 2017 досега

Конференцијата на која Google ги покажува своите планови за иднината Google I/O 2017 започна. Во следните неколку денови компанијата ќе претстави куп интересни функционалности, насоки, а можеби и уреди. За она што ќе може да го видиме во следните денови ќе информираме понатаму, но еве што Google претстави на првиот ден.

Вообичаено овие настани почнуваат со бројки, а тоа беше случај и сега. Над 2 милијарди корисници поседуваат Android уреди. Google Photos има 500 милиони корисници. Милијарда километри се поминуваат со помoш на Google Maps. Бројот на корисници секако не е најинтересниот дел на конференција која зборува за иднината.

Android Go

Google ја претстави новата надградба на Android. Овојпат можевме да го видиме Android Go, дополнителна функционалност за телефоните со послаб хардвер. Ова е одлична вест за корисниците на телефони со послаб хардвер. Функционалноста е наменета за сите уреди со помалку од 1GB RAМ. Овие уреди ќе добијат верзии на апликацијата со „lite“ верзии на апликациите. Пример, Google Chrome или YouTube ќе употребуваат помалку RAM.

Android Go нема да биде ексклузивно достапен единствено на корисниците на Android O. Google најави дека ќе доаѓа на сите верзии на Android. Ова секако нема никакво влијание на корисниците со телефони од средна или висока класа, но е одлична вест за корисниците со полоши уреди.

За корисниците на Android O, новата верзија ќе донесе: поефикасно користење на батеријата; побрзо стартување на оперативниот систем; функционалност слика-во-слика и куп дополнителни надградби.

Google Lens

Вештачката интелигенција е во фокусот на овој I/O. Ова не е очекувано, а компанијата се обидува да пронајде примена насекаде. Неодамна имавме можност да видиме како селфи фотографиите се претвораат во емотикони. Овој тренд продолжува и понатаму, Google Lens на корисниците им овозможува да ја насочат камерата кон некој објект и веднаш да добијат податоци. Така благодарение  на вештачката интелигенција корисникот може да добие податоци за Wi-Fi мрежата или за некој ресторан.

Ова не е прв пат Google да ја внесува камерата како влезен сензор, имаше и досега неколку апликации кои го овозможуваа ова. Сепак со Google Lens за првпат Google интегрира ваква функционалност во повеќе сервиси.

Smart Reply за Android и iOS имејл

Вештачката интелигенција пристига и во сандачето за електронска пошта. Наместо да пишуваме одговор, во иднина ќе може да одбереме еден од трите понудени одговори. Автоматизираните одговори доаѓаат во зависност на добиениот имејл, а понатаму корисникот може да додава и други.

Google Assistant доаѓа и на iOS

Иако асистенот на Google не е достапен за сите Android телефони, наскоро ќе може да го користат сопствениците на iPhone. Засега апликацијата е достапна единствено во САД. Асистентот не е замена за Siri, но овозможува управување на Google Home од iOS. Дополнително, се интегрира со сите iOS апликации од Google како Gmail, Maps или Google Docs.

Google Home

Центарот за интернет на нештата од Google, Home, дoбива нови функционалности. Асистентот сега може да испраќа нотификации за дел од поважните настани, пример потсетувања, податоци за сообраќајот или слично.

Наскоро корисниците од САД и Канада ќе може да го користат Google Home за бесплатни разговори преку Wi-Fi. Повиците ќе се прават гласовно, а бидејќи Home го препознава различниот глас на корисниците, ќе знае од чива листа на контакти треба да го повика бројот.

Корисниците ќе можат да го користат и календарот за да постават потсетување. И ако имаат на пример театарска претстава од 18:00, во зависност од сообраќајот, Google Home може да ги предупреди дека треба да излезат порано.

Споделете ги фотографиите со пријателите

Новитет во Google Photos е препознавањето и препораките за споделување на фотографиите. Така сервисот сега препорачува кои фотографии да ги споделите и со кого.  Photos ги препознава ликовите на пријателите и познаниците и ги советува корисниците да ги споделат фотографиите на кои се сликани.

Visual Positioning System за Project Tango

Сопствениците на Tango уред сега можат да видат што работи нивниот уред. Visual Positioning System. Системот овозможува мапирање на внатрешниот простор. Камерата го снима просторот, а останатата Tango-технологија ја мапира внатрешноста, креирајќи детална мапа.

За повеќе податоци може да го погледнете целиот Keynote.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] минатата недела го одржа својот Google I/O настан. Еден од најинтересните моменти на настанот […]