Игрите кои најчесто се присутни во е-спорт арените како League of Legends, Overwatch или Dota,ги играат милиони играчи. Сепак перформансите кои овие игри ги побаруваат од компјутерите, не се приближни со останатите гејминг наслови.
Во септември 2016 година, Riot Games објавија дека над 100 милиони играчи играат League of Legends секој месец. Дури и да се ова сите играчи, бројката е огромна и не може да се игнорира. Поради ова производителите на графички картички дизајнираат поевтини и помалку моќни картички наменети токму за овие корисници.
Nvidia ја претстави GT 1030 графичката картичка која е сосем доволна за потребите на овие играчи. GT 1030 доаѓа со: 2GB GDDR5 видео меморија; 384 CUDA јадра, и работна фреквенција 1,265 MHz до во 1,518 MHz во boost. Картичката има една HDMI и една дисплеј порта. Картичката поддржува DirectX 12, Vulkan API и OpenGL 4.5. Нема поддршка за виртуелна реалност што секако и е за очекување од картичка од овој ранг.
GT 1030 значително помала од останатите графички картички. Nvidia не застана на ова, па на картичката и се потребни 30W.
Картичката е веќе достапна во продажба за цена околу 70 долари. Ова е приближно со RX 550 на Radeon. Сeпак за околу 100 долари се достапни многу подобри графички картички Radeon RX 460 и Geforce GTX 1050, па прашање дали воопштo овие картички ќе пронајдат пазар.







