Хала на славните за видео игри е креирана во Strong музејот во Рочестер, Њујорк. Минатата недела беше додадена и првата класа на видеоигри во музејот, покрај легендарни наслови на кои со задоволство се потсетуваме, во првите игри во хала на славните има игри кои и денес се едни од најактуелните.
Еве ги видеоигрите кои први станаа дел на хака на славните во Рочестер:
- Doom – можеби не првиот, но секако еден од најзабавните и напопуларните шутери DOOM, го заслужи своето место не поради огромниот број на фанови, туку и по поставувањето на стандарди кои мораа да ги следат сите следни 3Д-шутери.
- Pac-Man – Загубени по улиците бегате од духовите, се додека не се нахраните со „power-up“ кога ситуацијата се наеднаш се променува, една од првите игри на РС компјутери, а доживеа и куп модификации и реизданија.
- Pong – една од првите видеоигри со кои заполна популарноста на флиперите. Своевиден тенис или можеби пинг-понг, двајца играчи се натпреваруваат кој прв ќе стигне до 11 поени.
- Super Mario Bros – Најверојатно најпопуларниот серијал на видеоигри за Nintendo. Двајца браќа водоводџии Марио и Луиџи тргнуваат на авантура низ кралството на печурките, да ја спасат принцезата „праска“(Peach). Притоа играчите мора да го поразат Боусер, кој е главен антагонист во играта.
- Tetris – Игра од рускиот дизајнер Алексеј Пајтинов, една од најпопуларните логички сложувалки и една од ретките руски видеоигри кои доживеаа планетарна слава. Само на оригиналната верзија на Game Boy играта беше шродадена во над 35 милиони копии.
- World of Warcraft – Оживувањето на стратешката видеоигра Warcraft на Blizzard, во која играчите добија сопствена приказна во Азерот, секако не е првата MMORPG, но без сомневање е играта која излезе во вистинско време, од 2004 десетици милиони играчи инвестираа многу време во своите карактери и во улогата која ја имаат во Азертот. Од 2004 до сега креирани се над 100 милиони профили, а во периодот кога беше најиграна имаше 13 милиони играчи.
Покрај овие игри разгледувани беа и Angry Birds, FIFA, The Legend of Zelda, Minecraft, The Oregon Trail, Pokemon, The Sims, Sonic the Hedgehog и Space Invaders. Без сомневање голем дел од овие наслови наскоро и самите ќе се најдат во музејот.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари