0 коментари 1 мин. читање

Пиратскиот Popcorn Time го стартува Porn Time

Краторите на Popcorn Time направија и своевидна модификација на апликацијата, и од сервис за стримање пиратски филмови, направијс сервис за порно филмови – Porn Time. Слично како и оригиналната апликација и оваа овозможува директно следење на содржина, преку стрим од торенти, само што овој пат станува збор за сексуално-експлицитна содржина, како што кажува и името. За овој сервис торентите се „повелекуваат“ од Pornleach, иако веќе се најавени повеќе нови извори кои наскоро треба да бидат додадени. Како и оригиналната апликација и Porn Time е со отворен код.

„Porn Time функционира идентично како и Popcorn Time, само што содржината е единствено порнографска. Корисниците на Porn Time ожат да уживаат во најновите, најжешките филмови веднаш и во HD, со единствено притискање на копчето. Како и преку Popcorn TIme содржината може да биде репродуцирана директно на голем екран преку Chromecast или Airplay“, велат развивачите на Popcorn Time за Venture Beat.

Новата апликација е направена на барање на корисниците, тврдат од Popcorn Time, потенцирајќи ја добро познатата шега дека „Интернетот е направен за порно“. Сепак за разлика од квалитетни копии на најновите филмови кои се навистина тешки да се пронајдат, нема недостаток од HD-порно, кое најголем дел од сајтовите го нудат бесплатно.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top