0 коментари 2 мин. читање 3 јануари, 2011

Пола милион луѓе од 140 земји собраа 16 мил. долари донации за Wikipedia

Според Wikimedia, организацијата зад енциклопедијата, ова е најкратката и најуспешната рунда донации каде скоро половина милион луѓе од 140 земји донирале во просек од 22 долари.

„Овој излив на поддршка од стотина илјади обични луѓе од сите разни занимања е тестамент за духот на Wikipedia движењето.“, вели основачот Џими Вејлс.

„Wikipedia е јавен ресурс креиран и одржуван од стотина илјади волонтери, кој зависи од над 400 милиони луѓе и платен од пола милион донори. Тој е навистина креиран, поддржан и одржуван од корисниците.“

</надополнување>

Годинашнава цел е и амбициозна цел – 16 милиони долари за два месеци, вели Филип Баудет од непрофитната Wikimedia, стартувајќи ги донациите за онлајн енциклопедијата со цел истата да може „да остане слободна за користење, слободна од авторските права и слободна од надворешно рекламирање.“

Донациите се потребни за да се платат трошоците на онлајн енциклопедијата која има верзии на 270 различни јазика, и која со над 400 милиони посетители месечно е петтиот најпосетуван веб сајт во светот.

Во својот годишен план за како се наменуваат парите за Wikipedia, пишува дека целта е енциклопедијата до 2015 година да си ја зголеми посетеноста на 680 милиони посетители месечно, од сегашниве 400 милиони. Секако примарната цел останува зголемување на квалитетот и бројот на текстовите за сите јазици, како и креирање операциона платформа за попостојано функционирање.

Интересено, во сите своите претходни акции за донирање, пишува г. Баудет, Wikipedia примила над пола-милијарда донации со просек од 33 долари.

Ако сакате да донирате следете го овој линк.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top