Отпечатокот кој го оставаат принтерите и помогна на Националната агенција за безбедност да ја открие Реалити Винер. Таа е изворот која ги сподели доверливите информации од NSA со Intercept.
Како и дигиталните, така и физичките отпечатоци доаѓаат со мета податоци. Реалити Винер направила повеќе пропусти и NSA ја откри за неколку часа. Податоците кои и беа потребни на агенцијата, стигнаа од документот кој Intercept им го испрати при консултациите.
Поради превиткувањата на оригиналот кои се појавиле и во копиите, агентите на NSA заклучиле дека добиле копија која потекнува од физичка копија. По проверката дознале дека шест луѓе ги отпечатиле овие документи. Мета податоците скриени во документот им помогнале дополнително.
Податокот дека постои „таен“ знак на препознавање не е нов. Уште пред повеќе од 10 години Electronic Frontier Foundation, објави дека испринтаните документи доаѓаат со скриена линија. Во оваа линија е се впишуваат датата и времето на печатење на документот, но и серискиот број на принтерот.
Благодарение на овие податоци успеале да откријат кој имал пристап до принтерот во времето на печатењето на документите и да дојдат до Реалити Винтер. Овие документи не се единствена причина поради која е откриена г-ѓа Винтер. Motherboard пишува дека најверојатна ќе беше откриена и без овие документи.







