Amazon, Kickstarter, Reddit и Mozilla подготвуваат онлајн протест

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Веб

Онлајн протест со кој ќе се зачува интернет неутралноста е новиот план на неколку популарни сервиси и платформи. Дел од поддржувачите се најпопуларните и најважните имиња на Интернет, забележи Washington Post.

„Федералната комисија за комуникација сака да ја уништи интернет неутралноста и да им овозможи на големите провајдери да контролираат што гледаме и правиме онлајн. Ако ова биде донесено ќе биде дозволено забавување, блокирање, цензура и дополнителна наплата. На 12 јули, целиот Интернет заедно ќе ги запре“.

Поддржувачи на протестот се: Etsy, Kickstarter, Mozilla, Reddite, Y Combinator и Amazon. Протестот е едноставен и е закажан за 12 јули кога овие компании ќе го променaт изледот на своите веб-страници. Овие страници ќе помогнат да се зголеми свеста за значењето на интернет неутралноста.

Една од придобивките на интернет неутралноста е можноста сите подеднакво да го користат интернетот. Ова на огромен број на стартапи и мали компании им овозможува подеднакви услови за натпревар како и големите компании. Благодарение на ова сервисите како Netflix и Dropbox може да се натпреваруваат со конкурентите при исти услови.

„Без интернет неутралност, се плашам дека кабловските и бежичните оператори кои го контролираат интернет пристапот ќе имаат премногу моќ да ги бираат победниците и поразените на пазарот“, вели Сем Алтман претседател на Y Combinator.

Интернет неутралноста овозможува сите податоци да бидат третирани подеднакво. Ова значи дека целокупниот сообраќај се третира исто, видео, имејл пораки, музика, имаат ист приоритет.

Можеби ставот на Netflix е најдобар показател зошто интернет неутралноста е од исклучително значење. Пред неколку години, Netflix беше еден од најгласните заговорници на интернет неутралноста. Денес компанијата е доволно голема и има доволно средства да плати за приоритетен сообраќај, интернет неутралноста не е повеќе важна. Секако интернет неутралноста е важна за новите сервиси кои имаат помалку средства, но се доволно квалитетни да привлечат публика. Без разлика на квалитетот и содржината доколку немаат доволно финансии да бидат во приоритетните линии, никогаш нема да имаат доволно корисници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Facebook и Google им се приклучуваат на Amazon, Etsy, Netflix, Pornhub, Reddit, Kickstarter кои од поодамна ја започнаа иницијативата. […]

trackback

[…] Pornhub ќе им покаже на своите корисници како би можела нивната услуга да изгледа во иднина, доколку помине предлогот за укинување на неутралноста. Со ова Pornhub ќе им се приклучи на Amazon, Kickstarter и Reddit. […]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk