Технолошкиот напредок го преобликува секој аспект од нашите животи, па и здравството не е исклучок. Доротеја Минева, Senior Account Manager во Proxiad SEE ќе ни раскаже повеќе за ИТ услугите и предизвиците со кои се соочува здравствената индустрија и можностите што се појавуваат со интеграцијата на технологиите.
Како експертизата на Proxiad SEE помага при развојот на здравствената
индустрија?
Proxiad SEE ја препознава потребата за практични и долгорочни софтверски решенија во биомедицинската индустрија. Нашиот тим од експерти, кој работи со различни технологии како што се .NET, Angular, C++, Azure Cloud, е посветен на поддршка на здравствените организации при нивниот процес на дигитализација. Со комбинирање на нашето долгогодишно искуство и нашите талентирани професионалци, ние испорачуваме решенија кои ги поедноставуваат процесите и ги имплементираат придобивките на дигитализацијата. Клиентите со кои имаме долгогодишна соработка, ја препознаваат нашата експертиза и благодарение на тоа, заедно започнуваме проекти од биомедицински домен. Спектарот на нашата работа вклучува:
- Автоматизација на рутински задачи со помош на детално анализирање на биомедицинските податоци.
- Управување, анализа и предвидување врз основа на огромен број податоци за пациентите и носење одлуки базирани на клинички докази.
- Сеопфатна обука и едукација за биомедицински домен, вклучувајќи и менаџирање на тим.
Раскажете ни повеќе за влијанието на експертизата на Proxiad SEE која ја нудите на вашите клиенти.
Cardiologs, еден од нашите клиенти, креира иновација во кардиологијата преку спојување на medical-grade AI со Cloud-based технологија. Cardiologs се посветени на создавање решенија кои ги зајакнуваат вештините и експертизата на лекарите на глобално ниво. Сето тоа, комплетно се усогласува со нашата визија и посветеност за поддршка на трансформацијата на дигитализирање на здравството, преку cutting-edge технологии како AI и Machine Learning. Со експертизата која Proxiad SEE ја поседува и модерните технологии со кои работиме, ги поддржуваме нашите партнери во креирање на клиничка точност преку насочување на работниот тек кон зголемување на сигурноста на пациентите преку автоматско анализирање на податоци. Заедно, го еволуираме процесот низ кој пациентот поминува, преку користење на smart алатки од страна на здравствените работници.
Кои се клучните предизвици со кои се соочувате во поттикнувањето на дигиталната трансформација на компаниите во здравствената индустрија?
Свесни сме дека креирање на ИТ решенија и целосната поддршка на дигиталната трансформација на здравството носи голем број предизвици – оперативни и правни. Се среќаваме со предизвици како зајакнување и обезбедување сигурност при пренос на податоците, до усогласување на протоколите со правната регулатива. Нашиот пристап е да бидеме во тесна соработка и комуникација со нашите клиенти, со цел разбирање на нивните специфични потреби и приспособување на нашите решенија согласно со нивните барања. Дополнително, нудиме бројни курсеви и тренинзи за обука и едукација на нашиот тим, со цел полесно справување со предизвиците кои healthcare секторот ги носи. Веруваме во негување на култура на иновации и адаптибилност, која придонесува до испорачување на ефективни решенија за нашите клиенти.
Дали би можеле да елаборирате повеќе за важноста на биомедицинската
експертиза и да ги наведете специфичните вештини на кои им давате приоритет при креирање на тим?
Ја препознаваме клучната улога што ја игра еден тим, квалификуван и поткован со знаење, кој е главен фактор при успешна дигиталната трансформација. Покрај тоа, биомедицинскиот домен бара специфичен сет на вештини што вклучува длабоко разбирање и на технологијата и на здравствената индустрија. Нашиот сегашен тим кој работи на healthcare domain, не само што е технички поткован, туку и многу лесно плива низ комплексните биомедицински води. Секој член на тимот е внимателно избран поради склопот на уникатни вештини и искуство кои ги поседува, а на нас ни овозможува да нудиме широк спектар на решенија прилагодени на специфичните потреби на нашите клиенти. Имаме склоп од професионалци со искуство во развој и тестирање на софтвер за медицински уреди, анализа на медицински податоци, дијагностицирање и клиничка медицина.
Доротеја, дали може да ги сумирате клучните придобивки на здравствената
индустрија од вашите ИТ услуги?
- Нашите услуги во доменот на здравството имаат спектар од бенефити кои
помагаат за поедноставување на предизвиците со кои оваа индустрија се соочува.- Решенијата кои ги креираме помагаат при подобрување на целокупното искуство
на пациентите, благодарение на употребата на новите технологии.- Real-time следење на параметрите на пациентите, придонесува до
поедноставување на носењето на одлуки и дијагностицирањето во медицинските
институции.- Приоритет при имплементација на софтверското решение е обезбедување на
целосна и непречена интеграција со веќе постоечките системи.- Благодарение на широкиот спектар на експертиза кој го имаме, обезбедуваме
целосна поддршка и услуги за одржување, а крајната цел е долгорочна успешност
на нашите клиенти, како и еволуирање на медицинската индустрија.
Пред самиот крај на интервјуто, раскажи ни повеќе за компаниските вредности и која е важноста за Proxiad SEE што развива експертиза во оваа индустрија?
Нашата цел е да им помогнеме на здравствените организации во дигитализирање и рационализирање на нивната работа. Доколку сте дел од оваа индустрија и сте во потрага по тим кој може да ви помогне со вредни сознанија и решенија, ние сме тука да ви посочиме кои се придобивките кои би ги имале при соработка со нас. Нашиот тим од експерти, искусен во cutting-edge технологии е подготвен за креирање на уште голем број успешни решенија. Посетете ја нашата веб-страница или контактирајте нѐ директно за да закажете консултација и да бидете еден чекор поблиску до искористување на целосниот ваш потенцијал преку нашата експертиза на ИТ услуги за здравствената индустрија.
Ти благодариме, Доротеја што ни раскажа за ИТ услугите кои Proxiad SEE ги нуди во областа на здравствената индустрија. Ни беше задоволство да зборуваме со тебе!
Преку услугите кои Proxiad SEE ги нуди, здравствените организации уште подобро се позиционираат во индустријата и ја зајакнуваат нивната експертиза и грижа за пациентите. Од друга страна, Proxiad SEE продолжува да се движи напред со главен фокус на иновација, вредности и соработка, со цел подобрување на ИТ секторот и здравството.







