Dredge е лавкрафтска авантура за риболов и лудило во најчиста форма

Dredge е инди игра која во првите пет минути остава впечаток на исклучително релаксирачки и невин наслов, нешто слично на Dave the Diver каде потребно е да се опуштите и наместо водени длабочини да истражувате водени површини. Набргу, суптилни хинтови ви шепотат за нешто скапано во градчето во кое се наоѓате. Она што првично ветуваше да биде безгрижна водена површина крие ужаси од епски пропорции, а релаксираниот риболов бргу отстапува место за адреналинска борба за вашиот живот… и разум.

Релаксирачка тензија

Во Dredge нема борба. И тоа е добра работа. Она што има е пет огромни и уникатни водени површини кои си ги истражувате со вашето бродче. Низ одредени точки, можете да застанете и да ловите риби. Успешноста на уловената риба зависи од вашата спретност со соодветната мини игра. Доколку имате брзи рефлекси и го притискате копчето во одредени моменти, ќе можете да ја уловите рибата и да ја поставите во вашиот инвентар.

Мини игрите се менуваат во сложеноста во зависност од рибата која се трудите да ја фатите, и поскапиот и поимпресивниот плен знае да пружи поголем предизвик. Дополнително, секоја од фатените риби има одредена форма, а вашиот инвентар е ограничен. Поради тоа, треба да ја ротирате и внимателно позиционирате фатената риба за да правилно си го организирате просторот.

Покрај риби, водените површини ги истражувате и за корисни делови и ресурси!

Пленот што ќе го уловите го продавате во градчето и, со тоа, го исплаќате долгот за отстапениот брод. Исто така, можете да го поправате или надградувате бродчето за да биде значително поефикасно во справување со сите предизвици. Но, она на што мора да внимате е времето. Имено, кога сте во место, времето е замрзаното и можете слободно да се опуштите, да ги впивате убавините на поли уметничкиот стил или да размислувате за правецот на вашето идно движење. Но, во моментот кога ќе почнете да се движите и времето почнува да тече, а со тоа ноќта, полека, но сигурнo, почнува да се прикрадува.

Лутање низ темнината

Пред да падне ноќта, потребно е да сте назад во градот. Потребно не значи и задолжително и доколку сакате можете слободно да ги истражувате ноќните водени површини. Во ноќта, пленот е многу подобар, а мистериите значително попривлечни. Но, а ова е големо НО, тука играта зазема огромна морбидна димензија и почнувате да слушате шепоти и да гледате работи кои се пркосат со разумот. Сево ова значително допринесува на вашата психолошка состојба и доколку не сте внимателни набргу ќе започнете и да гледате карпи кои никако не беа тука. Измислени или не, карпите се способни да направат огромна штета ва вашиот брод.

Одвратни прици кои со задоволство ќе украдат дел од вашите тешко уловени риби!

За подобра прегледност, можете да го вклучите вашето светло, но таквото нешто привлекува многу повеќе од комарци. Набргу, водените површини заземат димензија на пеколни портали. Низ нив се проблекуваат ужаси од епски пропорции, чудовишта кои како да се произлезени од лудата имагинација на Лавкрафт. Сите од чудовиштата имаат една мисија – да ве потопат и да го спојат вашето лудило со нивното. Кога ќе ја додадете и вознемирувачката музика и грозоморни аудио ефекти, играта станува напнат продукт и вистински тест и за вашите рефлекси и за вашите нерви.

Бротчето знае да биде значително поефикасно со секоја надградба!

Dredge е феноменална игра која ќе ви го исполни викендот со суптилната, но вешто напишаната приказна, интригантните ексентрични ликови и механиките кои иако изгледаат едноставни, сепак се тешки за совладување и никогаш не ви дозволуваат да мислите дека вие сте во контрола. За исклучително кратко време, чедото на Black Salt Games се искачи на Steam како игра со запрепастувачки 96% позитивни рецензии, што значи дека од десет луѓе, девет и половина апсолутно уживаат во ваквата интерпретација на имагинацијата на Лавкрафт. Пријатен престој!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Black Salt Games
  • Издава: Team17 Digital
  • Жанр: Авантура, хорор, интерактивна фикција
  • Платформа: PlayStation 5, Xbox Series X and Series S, Microsoft Windows, Switch,

Оценка

  • Вкупна оценка: 9.25
  • Приказна: 8
  • Гејмплеј: 10
  • Графика: 9
  • Звук и музика: 10

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Digilink Konsalting

Java Script Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk