TechCrunch откри дека кодот за Facebook апликација за iPad e скриен во кодот за iPhone апликацијата. Интересно кодот за iPad апликацијата може и да се стартува. Друг извор потврди дека се работи за официјална апликација која е во изработка.
Според како функционирала апликацијата, МГ Зиглер од ИТ блогот претпоставува дека апликацијата е скоро готова за објавување. Напишана е во HTML5, навигацијата е лесна, користи страничен мени од лева страна кој се отвара со кликање на копче. Поставен хоризонтално ќе може да се четува со пријателите во исто време додека се прегледува „ѕидот“. Исто така одлично е и прегледувањето на фотографии.
Подолу се неколку слики од апликацијата, повеќе на блогот на TechCrunch.










