0 коментари 2 мин. читање 25 јули, 2011

Анти-Мурдок додатоци за Firefox и Chrome

Murdoch Alert е додаток за Firefox кој ќе ве предупреди доколку отворите некој од 100+ сајтови кои се контролирани од фамилијата Мурдок. Додатокот исто така ве предупредува доколку читате вест која е дојдена од сајтовите на австралискиот медиумски могул.

Руперт Мурдок и неговата News Corp. неодамна беа вклучени во неверојатен скандал со нивниот весник News of the World. Беше откриено дека NotW хакнувал мобилни телефони на познати личности, политичари, британски војници и киднапирани деца со цела да дојде до вести, дури и ги бришеле гласовните пораки без знаење на корисниците со цел да направат место на телефонот за уште.

Креирањето на Murdoch Alert додатокот, кој се објави пред еден ден, е мотивирано од агресивното и неетичко работење на фамилијата Мурдок во потрага по моќ. Претходно, во тек на парламентарното сослушување на Руперт Мурдок, беше објавенa и Firefox и Chrome екстензија Мurdoch Block која не опоменува дека сте на сајт во сопственост на Мурдок, туку комплетно го блокира.

(via Gawker)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top