Откриен хак кој може да ја смени метата на модерното паметно оружје

Паметното оружје кое со помош на компјутер овозможува секој да стане супер стрелец сепак има голем недостаток. Безбедносните експерти Руна Сендвик и Мајкл Огер на Black Hat конференцијата ќе презентираат начин со кој може пушката да биде неупотреблива, но ида биде и опасна. Преку користење на безбедносни пропусти брачниот пар тврди дека може да се променат влезните податоци како растојанието или брзината на ветерот со што стрелецот нема повеќе да биде супер стрелец. Дополнително со користење на пропустите може да ја спречи пушката во пукањето, јави Wired кој присуствуваше на демонстрација на хакирање на пушките.

„Може да направите постојано да го лаже корисникот и тој ќе промашува со секој истел. Напаѓачот може и да го ибрише оперативниот систем и со тоа ќе имате пушка со компјутер со цена помеѓу 6 и 7 илјади долари, и стрелец кој мора сам да нишани“, вели Руна Сендвик.

Сепак не е толку едноставно пушката не е поврзана на Wi-Fi доколку корисникот не го ја вклучи функционалноста. Пушките имаат можност да се поврзат на интернет преку Wi-Fi за корисникот да стрима видео да лаптоп или таблет. Најголемиот недостаток е што Wi-Fi мрежата на пушките има „default“ лозинка која овозможува секој кој е во близина да се приклучи на неа, потоа напаѓачот може да ја третира пушката како сервер и да пристапи до API-то. Дел од промените кои може да се направат е промена на тежината на проектилот од 11 грама на 36 килограми, ова предизвикува пукање во различна цел, а поумешен хакер би можел да креира и сфотвер со кој со менување на параметрите би можел да ја промени целта.

Одговорот од Tracking Point, производители на паметната пушка, дојде набрзо и за Wired велат дека им се благодарни на безбедносните експерти и дека заедно со нив ќе работат на надградба на софтверот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments