Google Translate сега преведува во реално време нови 20 јазици

Google Translate може навистина да ви се најде доколку летово планирате да одите на одмор во држава чиј јазик не го познавате. Апликацијата сега овозможува превод од нови 20 јазици, сега вкупно 27. Новите јазици кои се достапни сега се: бугарски, каталонски, хрватски, чеки, дански, холандски, гилипински, фински, унгарски, индонезиски, литвански, норвешки, полски, романски, словачки, шведски. турски и украински. Од претходно се достапни преводи од и на англиски, француски, германски, италијански, португалски, руски и шпански.

Тоа што ја прави апликацијата супер едноставна за користење е можноста за „читање“ на податоците преку камерата на паметниот телефон, а софтверот веднаш ги заменува странските зборови со зборови од друг јазик кој корисникот го знае. Софтверот припаѓа на World Lens, апликација која Google ја купи пред една година. Како е ова овозможено на телефон без дата сообраќај може да прочитате на Google Research блогот, а функционалноста е овозможена благодарение на „convolutional neural network“. Секоја библиотека за дополнителен јазик е околу 2MB.

Новата верзија на апликацијата значително го забрзува и преводот на говор дури и на бавните мрежи. Надградбата е достапна за двете верзии на апликацијата iOS и Android. Google најави дека веќе работат на додавање на нови јазици.

„Сè уште имаме многу работа повеќе од половина од содржините на интернет се на англиски, но само 20 отсто од светската популација зборува англиски. Денешната надградба овозможува надминување на дел од јазичните бариери, ви овозможува подобра конверзација и пристап до информациите кои ви се потребни“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments