Остварувајте долгорочни планови со Yearly Planner

Сите сме амбициозни, но не и доволно храбри и истрајни да ги реализираме тие амбиции. Како најголема пречки секогаш се истакнуваат времето и лошата организација. Затоа, секогаш подобро кога би можеле правилно да си ги организираме плановите и ефикасно да ги визуелизираме со впечатливи временски ленти.

Yearly Planner е алатка која ви дозволува токму тоа – да си ја испланирате годината и да дефинирате долгорочни цели на визуелно исполнителен начин.

Со Yearly Planner-от едноставно вметнувате временски ленти во календарот и ги истакнувате во одредени бои за подобро препознавање. Со нивно соодветно именување, добивате интересен увид за целата ваша година и целите кои сте ги зацртале. Паралелно со ова, имате и посебен оддел каде ги дефинирате вашите главни цели кои ви се приоритет во текот на целата година.

По посетување на сајтот, имате опција за одбирање година за која сакате да ги зацртате целите, како и да напишете 5 ваши најважни, односно главни цели. Yearly Planner е автоматски поврзан со PromoPlanner – уште една исклучително корисна алатка за секојдневно планирање на вашите обврски. Токму така, од една дестинација имате пристап за ефикасно организирање и на краткорочни и на долгорочни цели.

Засукајте ги ракавите и започнете го планирањето на вашиот живот. Нема подобар момент од моментниот!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk