Основачот на Binance Чангпенг Жао осуден на четиримесечна затворска казна

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Основачот на Binance и еден од највлијателните луѓе во трговијата со криптовалути Чангпенг Жао поради нарушување на законот за спречување на перење на пари е осуден на четири месечна затворска казна. Милијардерот се изјасни за виновен во ноември 2023 година.

Судијата Ричард Џонс, процени дека негов приоритет бил профитот на Binance нaместо усогласеност со американските закони. Обвинителството тврдеше дека благодарение на берзата Иран, Куба и Сирија успеале да ги заобиколат американските санкции. Вредноста на трансакциите со кои se прекршени санкциите е проценета на 898 милиони американски долари. Поради ова, обвинителите побараa построга, тригодишна затворска казна. Проценката на Џонс е дека Жао нема да го повтори делото, но направениот криминал е забележителен.

Како дел од судската спогодба Жао ќе го напушти директорското место во Binance. Сепак, останува управувачки акционер на берзата.

Покрај затворската, Жао ќе треба да плати и парична казна во висина од 50 милиони американски долари. Процената е дека основачот на Binance е „тежок“ 33 милијарди долари, па казната е речиси симболична.

Сакам да им се заблагодарам на сите за грижата и поддршката, без разлика дали беше преку напишани писма, искажана поддршка на X или во било која друга форма. Многу ми значат и ме одржуваат силен. Ќе ја одлежам мојата казна, ќе ја завршам оваа фаза, и ќе се фокусирам на следната фаза на мојот живот (едукација).

Ќе продолжам да бидам пасивен инвеститор (и холдер) во крипто. Нашата индустрија влегува во нова фаза. Усогласеноста со законите е исклучително важна.

Позитивната страна е што за време на целиот процес Binance беше под микроскоп. Средствата се безбедни (SAFU).

Заштита за корисниците!

Покрај казните за основачот, казна во висина од 4 милијарди долари ќе плати и Binance.

Чангпенг Жао / Web Summit Lisbon 2022, Flickr / CC BY 2.0 DEED

Уште една крипто „легенда“ во затвор

Чангпен Жао препознатлив и по кратенката CZ е кинеско-канадски претприемач основач на популарната крипто-берза Binance. Иако во јавноста е помалку познат од Сем Бенкмен-Фрид кој сега е во затвор за измама, неговото влијание и важност во крипто светот можеби е и поголемо. Од ноември 2023 како последица на судската спогодба се повлече од директорското место. Binance според волуменот на тргување е најголема берза во светот.

Во крипто светот Жао е познат како каубој, со репутација дека ги прекршува американските закони, пишува Verge. Ова е заклучокот и на властите во САД кои велат дека прекршувањето на законот не е грешка или превид, туку дека е намерно.

„Иако знаел дека Binance мора да се усогласи со американскиот закон, Жао избра да не ја регистрира компанијата кај американските регулатори; Одбра да не ги исполни барањата со клучниот закон за спречување на перење на пари; одбра да не имплементира know-your-customer систем, и со тоа спречи ефикасно следење на трансакциите и им овозможи на сомнителни и криминални корисници да вршат трансакции преку Binance“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments