Ослободете простор на хард дискот со WinDirStat

Никој не сака пренатрупан хард диск, огромни фајлови кои само ја забавуваат работата на компјутерот и го спречуваат во исполнување на целосниот потенцијал. Во такви ситуации, од исклучителна помош се таканаречените анализатори на просторот на дисковите. Со нив, можете да ги идентификувате (огромните) податоци кои можат да ја загрозат брзината на секојдневните активности. Веќе подолго време, WinDirStat се користи токму за оваа потреба и е особено ценета од оние кои, првенствено, имаат огромни хард дискови со неброени мултимедијални податоци и фајлови.

По инсталирање и покренување на алатката, одберете драјв за скенирање или, доколку сакате, целиот хард диск. По комплетирање на скенот, кој знае да потрае, алатката сервира податоци преку три панели. Explorer листата ги прикажува најголемите фолдери на врвот од дрвото; Extension листата ви ги прикажува типовите од фајловите кои заземаат највеќе простор, а Treemap целосно го прикажува драјвот преку блокови во најразлична бои. Секој блок претставува индивидуални фолдери и фајлови. Доколку кликнете на некој од нив, ќе добиете пристап до фајлот во соодветниот директориум. Со десен клик добивате бројни опции за нивно справување. Две од тие опции се за бришење на фајлот, односно фолдерот, директно од алатката.

Во случај да не сакате да го инсталирате WinDirStat, на располагање имате и пренослива верзија, до која можете да дојдете преку PortableApps. Преземената верзија можете да ја, потоа, префрлите и покренете директно од USB стикче.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments