Tencent, кинеската компанија која е сè само не омилена помеѓу гејмерите, лансира нивен клиент. Сега, и корисниците надвор од Кина можат да го користат клиентот WeGame X.
The Tencent Gaming Platform е дигитална продавница со над 200 милиони корисници. Со глобалната експанзија, Tencent очекува бројката значително да се зголеми, иако, во моментот, нема никакви инсентиви за таквото нешто. Имено, WeGame X се одликува со само 17 игри. Покрај инди хитовите како Chinese Parents, My Time At Portia, и Forts, се споменуваат и познати издавачи, како Larian Studios, Deep Silver, и Hello Games.
WeGame X не изгледа премногу лошо, а за пофалба се опциите за поставување рецензии, пребарување по жанрови и зачувување напредок во облак, но клиентот е на самиот почеток и допрва треба да се прилагодува и дополнително локализира за остатокот од светот.
Инаку, Tencent стои зад Riot Games, a и има пуштено длабоки корени во Activision-Blizzard, Ubisoft, и Epic Games. Дали знаевте дека Tencent има 40% удел во Epic Store?
За растечкиот број од прелистувачи и штотаквото нешто би можело да значи за просечниот гејмер пишувавме тука!